Бездомништво

Бездомништвото е процес што опфаќа лица со ограничена вклученост во општествениот живот, кои го бараат сопствениот идентитет и немаат живеалиште, живеат во несигурни и/или несоодветни услови или, пак, се привремено згрижени во прифатилишта или во институции.

Стручни профили

Улогата на стручните лица од различни профили во работата со бездомници

(скратена и модификувана верзија од трудот на Заводот за социјални дејности, стручно-методолошки упатства и прирачници; Книга 1, Скопје 2007 стр 26-28)

 

СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК

Во фазата за почетната процена, социјалниот работник го утврдува социоекономскиот статус на корисникот, го набљудува и разговара со него, собира и анализира информации од различни извори, го опишува ризикот.

Во фазата на дијагноза социјалниот работник е вклучен во подготвување на индивидуална и на збирна оцена на стручниот тим (наод и мислење).

Во фазата на планирање (социјална прогноза), социјалниот работник учествува во:

  • подготовка на мерки за помош и за заштита за индивидуална работа со корисникот,
  • анализа на ресурсите од потесната и од пошироката социјална средина.

Во фазата на третман социјалниот работник е вклучен во сите активности предвидени во согласност со планот за индивидуална работа земајќи ги предвид ставот на корисникот кон проблемот и можностите што ги има корисникот за надминување на проблемот.

Во фазата на евалуација и ревизија социјалниот работник е вклучен во: ревизија на постигнатите резултати од активностите спроведени во рамките на третманот на корисникот.

 

ПСИХОЛОГ

Во дијагностичката фаза на работа со корисниците, улогата на психологот е да:

– го утврдува психофизички статус на корисникот во однос на:

  • интелектуалниот статус (ниво на функционирање на општи и на посебни способности)
  • емоционалниот статус (ниво и функционирање на менталното здравје)
  • социјален статус (процена на адаптација и на користење на капацитетите)

– го утврдува статусот на односи на ниво на функционирање на семејна група во однос на:

  • односите на член од семејството / домаќинството со социјалната средина
  • динамиката на односите во рамките на семејната група
  • квалитет на односите и нивното влијание за настанување и решавање на проблемите

– подготвува индивидуална и збирна оцена во рамки на стручниот тим (наод и мислење)

Во фаза на планирање (социјална прогноза), психологот учествува во:

  • подготовка на мерки за помош и за заштита за индивидуална работа со корисникот
  • дефинирање на потенцијалите, можностите, слабите страни и на заканите во однос на корисникот .
  • предвидување терапевтски техники и функционирање на менталното здравје.

Во фаза на третман психолог е вклучен во:

– сите активности предвидени во согласност со планот за индивидуална работа земајќи ги предвид ставот на корисникот кон проблемот и можностите што ги има корисникот за надминување на проблемот

Во фаза на евалуација и на ревизија психолог е вклучен во:

– ревизија на постигнатите резултати од активностите спроведени во рамките на третманот на корисникот .Утврдување на стварна и месна надлежност на корисникот

1. Утврдување на правниот статус на корисникот: личен и семејно-правен статус, работен статус, станарски статус, имотен статус, здравствен статус (здравствено осигурување и потреба од преземање одреден облик на заштита врз основа на здравствената состојба )

2. Утврдување обележја за конкретната животна состојба (вклучувајќи ја и материјалната состојба)

3. Подготвување индивидуална и збирна оценка во рамки на стручниот тим (наод и мислење) со употреба на следниве постапки: увид во документи – јавни и приватни, вештачење, соработка со физички, со стручни лица и со вештаци, увид (во место на живеење)

 

ТРИЈАЖЕР – стручен работник за прием

1. Прием на социјален случај во ЦСР

– прифаќање поднесок

  • прием на телефонски повик со правење белешка во бележникот
  • или личен контакт со лице што го пријавило случај

2. Помош во составување соодветен поднесок

3. Давање потребни информации за подносителот во однос на постапката за неговиот случај

4. Пополнување иницијален лист

5. Упатување во надлежните одделенија

6. Упатување во други институции во случај на друга стварна надлежност

7. Преземање итна интервенција во посебни ситуации што го загрозуваат корисникот

8. Примарно укажување на степенот на приоритети на постапување (неодложно, итно, редовно)

 

СОЦИОЛОГ

Учествува во теренските активности за евидентирање бездомници и организира превентивни активности за подигнување на свеста кај населението за присутноста на бездомништвото.

Ја следи феноменологијата на појавата и за сите промени го информира стручниот тим.

Организира сместување на бездомниците во соодветни институции (центар за бездомници, здравствени установи, старски домови)

Соработува со други институции и организации што се занимаваат со бездомништво.