Влезните прашања за сите видови профили бездомници (без покрив, без дом, несигурни живеалишта и несоодветни живеалишта) се исти – име, презиме (прекар), пол, возраст, националност, државјанство, лични документи, образование
Прашањата што следуваат се поврзани со актуелната ситуација на лицето.
1.1. Лица што живеат на јавен простор или на отворено / приближно место на престој, место на импровизирано домување, само или во друштво / колку долго лицето живее на улица / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
3.2. Лица сместени во прифатилишта за привремено сместување бездомници / време на престој во прифатилиштето / дали престојува само или со семејството, активности што лицето ги има во прифатилиштето / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
4.1. Жени сместени во прифатилишта или во шелтер центри / претходна помош / проблем што актуелно е најголем за лицето / причини за состојбата во која се нашло лицето / визија за иднината
5.1 Лица сместени во прифатилишта за емигранти / од каде потекнува лицето, дали во Македонија е само или со семејството, причини за напуштање на својата земја, услови на престој во Македонија / визија за иднината
6.1.Лица со актуелен престој во казнено-поправни установи што немаат дом пред излегување од установата / причини за затворската казна, како лицето живеело пред сметување во затворот / визија за иднината по напуштање на установата
6.2. Бездомници со актуелен (продолжен) престој во здравствени установи / време на престој, претходен престој во институција, вид здравствени проблеми, причини за состојбата во која се нашло лицето / услови за враќање во својата средина, визија за иднината
6.3.Лица сместени во институции за деца / домови, кои по излегувањето од институцијата се соочиле со проблемот бездомништво / колку долго лицето е без дом / причини поради кое лицето останало без дом / проблеми со кои се соочува, визија за иднината
8.1.Лица привремено сместени кај роднини и блиски пријатели / колку долго лицето престојува во домот на роднини / пријатели, каде живеело пред да биде вдомено во домот на пријатели / роднини / причини за ситуацијата во која се нашло лицето /визија за иднината
8.2. Лица – потстанари без договор за легален закуп / колку долго лицето живее во живеалиштето без документи за (под)закуп / во какви услови живее / проблеми со кои се соочува / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
8.3.Лица што изградиле дом на узурпирано земјиште / колку долго лицето живее во домот изграден на нелегализирано земјиште / зошто решило да изгради дом на ваков начин / дали поднело барање за легализација / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
9.1. Лица што живеат во изнајмено живеалиште за кое е донесена законска одлука за иселување / кои се причините за иселување од изнајмениот дом / како и каде живеело лицето пред да се всели во ова живеалиште / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
9.2 Лица за чијшто дом даден под хипотека доверителот има законски донесена одлука да ја преземе сопственоста / кои се причини за ставање на домот под хипотека / визија за иднината
10.1.Лица што живеат под закана од насилство, а полицијата постапува со цел обезбедување безбедно сместување за жртвата на семејно насилство / колку пати лицето пријавувало семејно насилство и каде / што презела полицијата за да го заштити лицето / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
11.2 Лица што живеат во неконвенционални објекти (засолништа, супстандардни бараки) / колку долго лицето живее во супстандардни услови (опис на условите) / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
11.3. Лица што живеат во привремени структури (шатори, колиби) / колку долго лицето живее во супстандардни услови (опис на условите) / причини за ситуацијата во која се нашло лицето / визија за иднината
- Натамошните прашања се однесуваат на здравственото осигурување, прегледи (редовност), болести, контакт со средината, месечни приходи, искуства од претходно сместување во установи за социјална заштита, како и која е неговата визија за иднината.
- Лицето што го спроведува интервјуто треба да го оцени и психофизичкиот статус на бездомникот (надворешен изглед, хигиена, невербална комуникација, јазична комуникација, подготвеност за соработка)