Нов поглед кон бездомништвото и домувањето – меѓу клучните принципи во документот за социјална сфера на Европската комисија

feantsa photoДомувањето и поддршката за бездомните лица е еден од 20-те клучни принципи во социјалната сфера, кои ги издаде Европската комисија во рамки на Европскиот столб на социјални права, кој беше претставен неодамна.

Европската федерација на национални организации кои работат со бездомни лица ФЕАНТСА, чија членка е и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, го поздрави овој потег. Во Принципот 19. кој е дел од Столбот, е наведено:
1. Пристап до социјално домување или домување со поддршка со добар квалитет за сите кои имаат потреба;
2. Ранливите групи имаат право на соодветна помош и заштита при принудно иселување;
3. Овозможување соодветни шелтри и сервиси за бездомниците во насока на нивна на социјалнат инклузија.
Токму овој сегмент донесува различни аспекти на правото за домување, на едно ново ниво на Европската унија. Тоа подразбира дека секој во ЕУ треба да има пристоен дом, социјално домување или право на соодветна поддршка на оние на кои ќе им е тоа потребно, како и тоа дека луѓето треба да бидат заштитени од принудно иселување, во насока на тоа никој да не остане без засолниште, прибежиште.
Комисијата истакнува дека реализацијата на Столбот како реалност за граѓаните е заедничка одговорност, на сите земји членки. Исто така, ЕК ја акцентира својата улога во поставувањето на рамката и давањето насоки. ФЕАНТСА верува дека Принципот 19. ќе биде акциска рамка за вистински напредок:
„Водиме кампања за ЕУ да стане фер кон, и да се заложи за бездомните луѓе. Во следниот период ќе работиме на осигурувањето дека Столбот ќе обезбеди многу повеќе од прокламирање на правото на домување. Ќе работиме со Комисијата, со националните влади, регионите, градовите и сите други засегнати страни, со што Принципот 19. ќе стане поголема политичка амибиција и ќе предвиди конкретни мерки за да се стави крај на бездомништвото и да се обезбеди правото на домување за сите“, се вели во соопштението на ФЕАНТСА по повод објаувањето на Столбот.
Освен Принципот 19. и други принципи од Столбот се релевантни во однос на бездомништвото и исклученоста од правото на домување, како: еднаков третман, пристап до важни сервиси, инклузија на луѓето со попречености, поддршка на децата, социјална заштита, минимум заработувачка, помош за невработените, итн.
Директорот на ФЕАНТСА, Фрик Спиневајн, изјави дека Европскиот столб за социјални права донесе сериозна поставеност кон справувањето со бездомништвото и исклученоста од правото на домување.
-Ова доаѓа во период кога состојбата со бездомништвото во Европа е сè полоша. Затоа, сега е исклучително важно да се исполнат очекувањата на граѓаните, и Принципот 19. Да се претвори во рамка која ќе овозможи секој во Европа да има пристојно место за живеење“.
Уште едно клучно прашање кое се наметнува, е и до кој степен ќе се користи Столбот како основа за одредување идни приоритети од годишната Работната програма на Европската комисија, како и идна распределба на ЕУ фондовите. Овој сегмент, исто така беше посочен во комуникацијата на ЕК.
ФЕАНТСА во повеќе наврати веќе упатуваше на тоа дека алатките за справување со бездомништвото веќе постојат на европско ниво. Но, овој потенцијал расте со политичката и финансиска поддршка од страна на ЕК и би одбележал огромен бран на промени во борбата против бездомништвото.

02.05.2017