Бездомништво

Бездомништвото е процес што опфаќа лица со ограничена вклученост во општествениот живот, кои го бараат сопствениот идентитет и немаат живеалиште, живеат во несигурни и/или несоодветни услови или, пак, се привремено згрижени во прифатилишта или во институции.

Етхос типологија

ЕТХОС – ЕВРОПСКА ТИПОЛОГИЈА ЗА БЕЗДОМНИШТВО И ЗА ИСКЛУЧЕНОСТ ОД ПРАВОТО НА ДОМУВАЊЕ

(European typology on homelessness and housing exclusion)

Бездомништвото е еден од главните општествени проблеми на кои се фокусира Стратегијата за социјална заштита и за вклучување на Европската унија. Превенцијата од бездомништво и решавањето на станбеното прашање на бездомниците подразбира и разбирање на патот и на процесот што доведува до бездомништво, со тоа креирајќи широка перцепција за значењето на бездомништвото.

ФЕАНТСА (Европскиот сојуз на организации што работат со бездомници) разви типологија за бездомништво и за исклученост од правото на домување, наречена ЕТХОС.

ЕТХОС почнува со концептуалната рамка во која се дефинираат три сегменти што го сочинуваат домувањето, при што отсуство на еден од нив служи за означување бездомништво.

Имањето дом подразбира: поседување соодветен простор што е исклучително во сопственост на лицето и на неговото / нејзиното семејство (ФИЗИЧКИ ДОМЕН), просторот треба да нуди можност за одржување приватност и релации (СОЦИЈАЛЕН ДОМЕН) и треба да се поседува законско право за користење на просторот (ПРАВЕН ДОМЕН).

Ова доведува до четири основни облици или концепти: 1.без покрив на глава, 2.без стан, куќа, 3. несигурно домување, 4. несоодветни живеалишта, а секој од овие четири облици може да се опише како недостиг од дом.

ЕТХОС ги класификува лицата без дом во однос на нивната животна ситуација или ситуацијата со домот.

Овие концептуални категории се поделени во 13 оперативни категории, кои можат да се користат за дефинирање различни цели на политиката како бележење на проблемот со бездомништвото, развој, мониторинг и евалуација на политиката.

 

Оперативна категорија Животна ситуација Општа дефиниција
1 Лица што живеат во сурови услови *1.1 На јавен простор или на отворено Живеење на улица или на јавни места, без засолниште што може да се дефинира како живеалиште Без покрив
2 Лица згрижени во итни сместувалишта 2.1 Шелтри за преспивање Луѓе што немаат вообичаено место на живеење и ги користат услугите на шелтрите за преспивање
3 Лица сместени во прифатилишта за бездомници 3.1

*3.2
3.3
Хостели за бездомници

Привремено сместување

Транзициски центри за сместување

 

Периодот на престој е краткорочен Без дом
4 Лица згрижени во шелтри за жени *4.1 Шелтри и прифатилишта за жени Жени, најчесто жртви на семејно насилство, сместени во шелтер-центри, каде што се предвидува краткорочен престој
5 Лица згрижени во сместување наменето за имигранти *5.1

5.2
*Привремено сместување / центри за прифаќање

Сместување за работници-имигранти

Имигранти во прифатилишта и во центри за краткорочно сместување поради својот имигрантски статус
6 Лица што наскоро треба да бидат ослободени од затвор, од здравствени или други институции *6.1

*6.2
*6.3
*Казнено-поправни установи

*Здравствени установи (вклучително и центри за рехабилитација за зависници, психијатриски болници)

*Институции за деца / домови

Нема дом на располагање пред излегувањето од установата

Останува подолго во установата поради отсуство на дом

Нема идентификуван дом (на пример, до својот 18. роденден)

7 Лица што добиваат долгорочна помош поради проблемот со бездомништво 7.1

7.2
Станбено згрижување на постари бездомници

Потпомогнато сместување за поранешни бездомници

Сместување на подолг период со нега за поранешни бездомници (вообичаено за временски период подолг од една година)
Несигурни живеалишта
8 Лица што живеат во несигурно сместување *8.1

*8.2
*8.3
Привремено сместување кај роднини и блиски пријатели

Без легален договор за (под)закуп

Узурпирано земјиште

Живеење во конвенционално живеалиште, но тоа не е постојано место на живеење на лицето и го користи поради отсуство на свој дом

Узурпација на живеалиште (без правни документи за наем)

Узурпација на земјиште (без документи за негово поседување)

9 Лица што живеат под закана за иселување *9.1

*9.2
Донесена законска одлука за иселување (изнајмено живеалиште)

Одземање дом даден под хипотека

Одлуката за иселување е влезена во сила

Доверителот поседува законски донесена одлука да ја преземе сопственоста

10 Лица што живеат под закана од насилство *10.1 Инциденти регистрирани од страна на полицијата Полицијата постапува со цел обезбедување безбедно сместување за жртвата на семејно насилство
11 Лица што живеат во привремени, неконвенционални живеалишта 11.1

*11.2

*11.3
Мобилни домови

Неконвенционални објекти

Привремени структури

Живеење во привремен дом во кој нема услови за постојано живеење

Засолниште или супстандардна барака

Шатор или колиба

Несоодветни живеалишта
12 Лица што живеат во непогодни станбени услови 12.1 Узурпација на објект што не е погоден за домување Дефинирано како несоодветно живеалиште според националното законодавство или регулатива за домување
13 Лица што живеат во пренаселен дом 13.1 Според највисоката норма за пренаселеност на национално ниво Во случај кога се надминува националната норма за број на лица што живеат во една соба

 

– ВО МАКЕДОНИЈА СЕ УТВРДЕНИ КАТЕГОРИИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА (*)