Јавното бездомништво опфаќа лица кои се без кров над глава и се без поддршка во обезбедувањето живеалиште.
Скриеното бездомништво опфаќа лица со (вон)институционално поддржано живеење од каде што треба да излезат во законски предвиден рок.
Потенцијалното бездомништво опфаќа лица што живеат во несигурни и во несоодветни живеалишта.
Центарот за бездомници во Чичино Село може да згрижи околу 70 лица, а неговиот капацитет е намален по опожарувањето во мај 2015 година, кога левата страна од комплексот бараки загуби речиси 30 соби.
Лицата овде се сместуваат со решение издадено од јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, во согласност со Законот за социјална заштита.