Бездомништво

Бездомништвото е процес што опфаќа лица со ограничена вклученост во општествениот живот, кои го бараат сопствениот идентитет и немаат живеалиште, живеат во несигурни и/или несоодветни услови или, пак, се привремено згрижени во прифатилишта или во институции.

Дефиниција

ЈАВНО БЕЗДОМНИШТВО

Јавното бездомништво опфаќа лица кои се без кров над глава и се без поддршка во обезбедувањето живеалиште.

javno-bezdomnistvo

СКРИЕНО БЕЗДОМНИШТВО

Скриеното бездомништво  опфаќа лица со (вон)институционално поддржано живеење од каде што треба да излезат во законски предвиден рок.

postim
  1. Жени згрижени во шелтри/прифатилишта за жртви на семејно насилство;
  2. Мигранти  сместени во центри / прифатилиштата / социјални станови за имигранти;
  3. Лица што наскоро треба да бидат ослободени од затвор, од здравствени или други институции, а немаат расположливо живеалиште.

ПОТЕНЦИЈАЛНО БЕЗДОМНИШТВO

Потенцијалното бездомништво опфаќа лица што живеат во несигурни и во несоодветни живеалишта.

p2
  1. Лица што живеат во несигурно сместување (кај роднини и пријатели, во узурпирано живеалиште или во дом изграден на узурпирано земјиште);
  2. Лица што живеат под закана од иселување (поради хипотека или поради неподмирени трошоци во изнајмено живеалиште, а одлуката за иселување е влезена во сила;
  3. Лица што живеат под закана од насилство;
  4. Лица што живеат во привремени, неконвенционални живеалишта.