Бездомништво

Бездомништвото е процес што опфаќа лица со ограничена вклученост во општествениот живот, кои го бараат сопствениот идентитет и немаат живеалиште, живеат во несигурни и/или несоодветни услови или, пак, се привремено згрижени во прифатилишта или во институции.

Упатства

Прв разговор и интервју со бездомници

За време на првиот контакт настапува претставување, обид да се утврди  историјата на живот (најчесто таа за време на првиот контакт не е секогаш реална) и интервенција доколку постои кризна ситуација (на пример, се гледа дека лицето е болно).
Во однос на сите видови на бездомништво, основните прашања кои се однесуваат на социо-демографскиот статус, здравје, пороци, надворешен изглед и контакти, се исти.
Разликите се утврдуваат во зависност од типот на бездомништвото.

Принципи на работа:

  • Не негирај ниту еден исказ
  • Повеќе слушај,
  • Помалку зборувај,
  • Ништо не ветувај,
  • Објасни зашто сакаш да му помогнеш на лицето.